Сопругот на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ неодамна потпиша договор за кинески фудбалски клуб.
Познатиот пар ќе живее на релација Србија – Кина, а бидејќи Душко годишно ќе заработува 5,8 милиони евра, тие одлучија да купат авион.
Пејачката и фудбалерот одлучија да искешираат два милони евра за авион кој моментално се прави во Охајo, а ќе им биде доставен среде лето.
„За да им биде полесно, Јелена и Душко одлучија да купат авион. Бидејќи ќе живеат на релација Србија – Кина, ќе им биде поедноставно за патување. Исто така, Јеца настапува по Европа, па нема да губи време по аеродроми, вели извор близок на парот.
фото: Еди Адлан