Одлуките на Јелена Ѓоковиќ често низ годините беа доведувани во прашање. Сопругата на познатиот тенисер преку медиумите и нејзиниот личен профил на „Инстаграм“ искажува мислење за различни прашања, со што не се согласуваа сите. Не само што не се согласуваа, туку знаеја и да ја осудат и да ја опсипат со негативни коментари, со кои таа секогаш достоинствено се справуваше.
Јелена, многу самоуверено продолжи да зборува на полето на родителството, грижата, па дури и веганската исхрана, а во последно време почесто од вообичаено ја информира јавноста за нејзините напори во рамките на Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“.
View this post on Instagram
Одлуката на Јелена Ѓоковиќ да помогне во изградбата на една градинка во Оџаци, донесе нов предизвик за сопругата на тенисерот, но и за самиот Новак. Имено, двојката требало да застане пред камерите и да се сними во функција во која повикуваат на донација, која малку подоцна завршила успешно.
Фото: Принтскрин/Инстаграм