Сопругата на тенисерот, Новак Ѓоковиќ, Јелена за првпат проговори за наводните афери на својот сопруг. Имено, со години немала коментар за медиумските наслови поврзани со Новак и познати дами, но изгледа дека најновите пишувања биле капката која ја прели чашата.
Таа им се обрати на своите следбеници на социјалните мрежи демантирајќи ги сите гласини. Еве што напиша Јелена:
“Ако не ја демантираш лагата, бидејќи немаш одговор на глупост и просто не се занимаваш со тоа, за новинарите тоа се смета како зелено светло да те влечат по новости и од тебе да направат дворски лудак. После 15 години пишување за афери со секоја девојка од нашиот заеднички круг на друштво, сега толку добро нѐ познаваат како пар и знаат дека дури сум љубоморна без зборови и дела. Секако, кога не ја демантираш глупоста таа автоматски станува мамка за идни објави за сега веќе поранешните љубови…Бидејќи така се почитува ликот и делото на млад успешен спортист од нашата земја. Им стана јасно дека е со мене сите овие години. Многу повеќе кликови носат аферите”.
“Живееме во време кога човек сериозно мора да се запраша што чита и на кој му верува. Цела таа мрачна енергија која влегува во нас додека читаме вести исполнети со невистини и измами заради контрола, страв и со самото тоа што се прави профит, не може никој да го инспирира на добро дело. Знаеме дека столбот на секое здраво општество е семејството, па зарем е можно да ги користиме медиумите како средство да го оцрниме и разнишаме? Дали тоа е рецептот за успех или пропаст на едно општество? Вие оценете”, заклучи Јелена.