Радио Милева „Ех, да се вратам“

Јелена Бачиќ Алимпиќ денес важи за една од најбараните авторки, а некогаш беше позната водителка – еве дали би се вратила на ТВ екраните

Јелена Бачиќ Алимпиќ денес важи за една од најбараните авторки, а некогаш беше позната водителка – еве дали би се вратила на ТВ екраните

Авторката и поранешната водителка Јелена Бачиќ Алимпиќ денес е посветена на пишувањето романи, а како што вели не планира да се врати на телевизија.

Таа истакна дека не и недостига телевизијата и дека многу повеќе заработува како писателка.

„Ни најмалку. Ниту во еден момент не помислив: „Ех, да се вратам“. Поминаа осум години од мојата емисија и сега пред камери најчесто се појавувам поради промоција на некоја моја нова книга. Од таа работа ми недостигаат луѓето и тимската работа. Новите програмски шеми никако не ми одговараат и мислам дека не би се вклопила. Во овој осамен писателски живот се чувствувам многу исполнето, а и многу повеќе заработувам. Имам огромни тиражи и станав независна во смисла да заработувам само од продажбата на книги“; вели Јелена за „Објектив“.

фото: принтскрин/инстаграм/ јелена баќиќ алемпиќ

Таа проговори за наслединците Дуња и Марко потенцирајќи дека нејзиниот син нема дарба за пишување.

„Марко не, но Дуња има неверојатен тален за пишување. Таа веќе сега пишува феноменални есеи на англиски. Студира на англиски, па и таму го забележаа нејзиниот талент. Сепак, тоа не е патот кој ќе чекори“ вели авторката.

To top