Мегафон

Јазикот е нашата татковина – поетско читање во чест на Блаже Конески

Јазикот е нашата татковина – поетско читање во чест на Блаже Конески

Во Друштвото на писатели на Македонија во петок со почеток од 19 часот ќе се одржи поетско читање на кое поети од различни генерации ќе ја искажат својата почит кон ликот и делото на Блаже Конески.

Тие ќе прочитаат по една песна од Конески по свој избор и една сопствена песна.

Од ДПМ информираат дека ќе настапат: Зоран Анчевски, Катица Ќулавкова, Иван Џепароски, Кристина Николовска, Владимир Мартиновски, Виолета Танчева Златева, Тихомир Јанчовски, Сузана В. Спасовска, Снежана Стојчевска, а со писмо ќе се вклучи и Лидија Димковска.

Настанот ќе го модерира Александра Јуруковска.

To top