Синот на Лепа Брена на „Инстаграм“ истакна колку е бесен бидејќи му го изгребале автомобилот.
Имено, Виктор Живојиновиќ на хаубата од својот автомобил забележал линија од клучеви.
Синот на Лепа Брена се огласи на „Инстаграм“ покажувајќи ја гребаницата и вети дека ќе го најде човекот кој го направил тоа.
„Мајмуне, стока. Ќе те најдам“, напиша Живојиновиќ.
Потсетуваме, Виктор повеќе од една година ужива во врска со девојката Сандра, а медиумите често пишуваат дека синот на фолк ѕвездата е подготвен да се жени.