Фолк пејачот Јашар Ахмедовски неодамна привлече големо внимание поради новите фотографии на неговиот „Инстаграм“ профил на кои се гледа како тој како тинејџер вежба во теретана, а според најновите сознанија пејачот сака уште повеќе да се подмлади, па наскоро планира да направи затегнување на лицето или како што популарно се нарекува „фејслифтинг“.
Фолкерот веќе се консултирал со доктор во приватна клиника и се договорил за најдобриот начин за подмладување на лицето, па се согласиле дека овој метод е најдобар.
– Јашар тренира долги години, но малкумина знаат дека се обидува да ја врати формата што ја имаше во младоста. Се случува два пати дневно да оди на тренинг, а сега почна да оди и на разни естетски третмани. Неколку пати пробал ботокс, масажи на лице и слично, а сега разговарал со доктор од приватна клиника за лифтинг. На консултацијата докторот му објаснил и му покажал каков ефект ќе има по интервенцијата, а се договориле операцијата да се случи на крајот на јануари, бидејќи Јашар има неколку настапи – вели информиран извор. Инаку, пејачот редовно прикачува фотографии на „Инстаграм“ на кои покажува дека често тренира.
– Здравиот живот е нешто што отсекогаш го практикував, но во последно време најмногу се посветувам на тренинзите. Убаво е да се грижиш за своето здравје и нормално е да го споделиш со другите. Не сум многу активен на социјалните мрежи, но интересно ми е да објавам селфи од теретана – изјавил пејачот во едно интервју.
Фото: Принтскрин/Инстгарам/Јашар Ахмедовски