Турската актерка Синем Мустафа, која ја знаете по улогата на Јасемин од серијата „Вљубениот ерген“, вчеравечер на свет донесе две момчиња и за првпат се оствари во улогата на мајка.
34 годишната турска актерка на изненадување на своите обожаватели објави емотивни моменти од породилната сала каде бил присутен и нејзиниот сопруг.
Бебињата се родени три недели пред терминот, а едното е помало и останува на дополнителна нега во болницата.
Инаку, пред неколку недели актерката правеше забава за доаѓањето на бебињата кои ги добија имињата Мустафа и Кемал.
фото:инстаграм