Водителката Јована Јеремиќ е позната по нејзините стајлинзи кои редовно привлекуваат внимание, а така беше и овој пат. Јована гостувала на модна ревија, а со нејзината креација привлече големо внимание кај публиката, бидејќи беше многу предизвикувачка, но и за прв пат водителката ја гледаме во улога на модел.
Јована прошетала самоуверено по пистата, како да го прави ова долги години и добила голем аплауз од публиката. На неа немало никаков знак на нервоза, а многумина коментираа дека чекорела исто како што се шета низ студиото, со крената глава!
„Беше феноменално да се прошетам на модната писта, особено што ова е моето ново искуство. Моментално сум многу зафатена, снимам реклами само со најголемите ѕвезди, на пример Батистута. Планирам повеќе да се занимавам со манекенство и мислам дека ќе има уште повеќе соработки на светско ниво“, изјавила водителката за Еспресо.рс, и открила зошто е толку барана кога се рекламите во прашање: „Јас не сум модел, јас сум ТВ ѕвезда и новинар, но свесна сум дека сум многу фотогенична и навистина имам тело од милион долари. Јас сум мала жена, џебна Венера, 163 цм, спакувана во совршени димензии и тоа го ценат луѓето на кои им рекламирам брендови. Се што носам се продава! Има поубави жени, со подолги нозе и слично, но нема похаризматична жена од мене која може да продаде повеќе артикли. “
View this post on Instagram
На прашањето дали водителката се плашела да не падне додека одела по пистата одговорила: “Не, не се плашам од паѓање бидејќи и да паднам, јас брзо станувам. Премногу сум самоуверена во себе за да паднам, сето тоа добро го вежбав и пистата е создадена за мене. Зошто сите модели мора да бидат високи и премногу слаби? Мислам дека е дојден моментот тие стандарди да се променат во корист на нас харизматичните жени“, изјавила Јована за Еспресо.рс
Фото: Принтскрин/Инстгарам/Јована Јеремиќ