Во интервју за „Њујорк тајмс“, 55 годишниот холивудски актер проговори за своето лекување од алкохол и како одлучил по разводот со Анџелина да се пријави за лекување.
Актерот одлучил да се појави во анонимна група за лекување каде што се соочил со пороците.
„Имаше многу мажи кои седеа во круг и отворено зборуваа за својот проблем. Тоа беше сигурен простор со малку осудувања, осудувања кон самиот себе. Навистина беше ослободување да ги открите вашите лоши работи“ вели Пит.
Пит започнал да поминува многу време анализирајќи се себе и своите чувства, особено кога се подготвувал за улогата во фимот „Ad astra“ каде што глуми астронаут која е во потрага по својот татко.
Оваа улога му послужила како инспирација за односот со неговиот татко.
„Бев воспитан во стилот: биди способен, биди јак, немој да покажуваш слабост. На некој начин го копирам. Пораснав во тешки услови и сиромаштија, а татко ми секогаш се трудеше да ми подари подобар живот“ вели Бред за неговиот татко.