Радио Милева заеднички живот

„Јас и Немања живееме во иста куќа во Шпанија, немаме врска на далечина!“- Анастасија откри детали за љубовните планови (фото)

„Јас и Немања живееме во иста куќа во Шпанија, немаме врска на далечина!“- Анастасија откри детали за љубовните планови (фото)

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ присувствувала на изложбата на познатиот српска моден фотограф, а по тој повод за медиумите откри детали за кариерата, љубовниот живот и плановите, како и за семејството.

Анастасија вели дека внимателно ја слуша секоја песна на Цеци и ја советува мајка си да се држи до сопствениот стил и сепак да биде иновативна, што воопшто не е лесно. Со оглед на тоа што е ќерка на најголемата регионална пејачка, ѕвездата Цеца Ражнатовиќ, Анастасија често велеше дека никогаш не сакала да гради кариера преку името на нејзината мајка, па затоа не сака да снима дует со неа.

„Сè уште сум на ставот дека не е време за дует, без разлика што ми е мајка. Не сум стигнала до тоа ниво, засега уште се градам, не брзам“ рекла младата Ражнатовиќ.

Таа признала и дека синот на нејзиниот брат Вељко бил разгален.

„Жељко е страшно размазен, сите му дозволуваат се, максимално го користи она што му е дозволено и што е единец. Жељко секогаш кога ќе види пејачка, тоа го поврзува со мајка му и мене. Вика: „Цеца, Таса „Тој ги знае моите песни, многу е музикален“, истакна таа.

За врската со фудбалерот Немања Гудеља, Анастасија вели дека живеат заедно кога таа е во Шпанија.

„Тоа не е врска на далечина, често сум во Шпанија, доаѓам во Србија кога имам деловни обврски. Не знам како официјално сè преминува во заеднички живот… Таму сум со него, Немања и јас живеeамe во иста куќа во Шпанија.

Наречете го тоа како сакате, но јас живеам со него кога сум таму – истакна таа.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ/Ана Паунковиќ/Профимедиа

To top