На секој од нас му се случува понекогаш прочуениот Марфи и неговите (не)пишани закони да му обележат денот. Еден таков изгледа имал и водителот на „Јади бурек“, популарниот Јанко Илковски. Па виде-не виде, мораше да се пожали на социјалните мрежи дека ништо повеќе не е како некогаш!
До душа не дека не е, ама една случајна грешка на персоналот што ги реди полиците и лепи цените во маркетот, може да ти го упропасти задоволството. До душа, кому како… ама на Јанко по се изгледа – ДА!
Затоа кутриот и се пожалил на својот Фејсбук профил. А човекот тргнал по слатко задоволство. Тргнал да си купи нешто за да се облажи, па му текнало на радоста од детството наречена „Животинско царство“. Ем дозирано слатко задоволство, ем едукативна компонента при собирање сликички во албум.
Арно ама, некој од споменатиот персонал во маркетот или маалското гранапче сеедно, му ја уништил желбата на водителот, зашто на вистинското место ставил погрешен производ на полицата… Или вистински производ на погрешно место, сеедно. Па на Јанко му го скуси задоволството… До душа можело и тука да се најде компромис, ама водителот упорно барал да има и сликичка во пакувањето. А во ова нема сликичка… Има гумичка!
До душа пријателите бргу го утешија, дека можел да тргне и по балзам за усни… И тоа од повеќе видови со различен вкус!
Други пак го упатија друг пат да купува чоколатце на бензинска… Ако нема чоколатце со сликичка, барем гумичката оди во пакет со играчка. Па ако не ти треба фрли ја гумичката, вози си ја количката. Ако не ти се погоди „чоколатцето“, играј си со аутцето.
Ама тоа не е ништо… Среќа што Јанко е по бурекот, а не по диетата!
Зашто лесно можеше да му се случи како на Ани – „Црна мачка“, кога минатиот купувала диетални оризови тркалца, кои обично се јадат како замена за леб.
Па стриптизетата таман се фатила од поблизу да ја прочита цената на таканаречените „Rice snacks“, налетала и на содржината… Или поточно на вкусот!
Ани само бараше оризови тркалца со вкус на КУРкума, а тоа што овие од маркетот штедат на хартија, па не им го особира полниот назив на производот… е друга работа!