Новинарот и ТВ водител јанко Илковски „не јаде бурек“ само на телевизија. И покрај тоа што ТВкуќите ги менува како чорапи, па сега него и неговата емисија „Јади бурек“ сонцето ги грее на ТВ „Сонце“, „бурекџијата“ обилно ги користи и социјалните мрежи за да се доискаже во ставовите и размислувањата!
Но освен таканаречените „сериозни“ политички теми, Јанко неретко знае да постира и понекоја довитлива фотографија или забавно видео, кои најчесто ги зачинува со свој коментар покрај нив. Колку за да не биде пресериозно сфатен дека е опасен по безбедносниот систем на земјата. Затоа, во духот на актуелната политичка клима, мора малку да покаже и компромис, па забавните фотки и клипчиња најчесто му се посветени на „младите рипчиња“.
Така, ТВ „бурекџијата“ пред некое време постираше фотографија со која на јавноста и покажа како изгледа „село без интернет“. Тогаш забавата е очигледно многу понеспосредна и интеркативна помеѓу целото семејство!
На „село без кучиња“ – ќе почекаме на градоначалникот Шилегов! Јанко само потсети дека и на Оливер Спасовски со тоа му се брза… Оти како тргнало, ќе остане без кадар!
Конечно, доаѓањето на викендот и во село, а особено во град е „детска радост“ за сите… Особено за оние што веќе не се деца, а се доволно млади за забава! Затоа „бурекџијата“ се потруди да појасни како тоа „градските моми“ особено оние дојдени од „село“ се подготвуваат за петочното излегување.
Само да не го сфати некој „бурекџијата“ погрешно… Нееее… тоа што вие мислите дека гледате, не е тоа – тоа! Човекот сакаше да каже дека алкохолот,особено пенливите вина се скапи, па затоа пред излегување морала малку оддома „да се загрее“… А, ваквиот начин на конзумација е неопходен, зашто толку бргу претекува што кутрата нема време ни да земе чаша, па мора вака… За да не оди фира… Оти нели рековме дека е скапо!