Минатата 2017 година во Киев со песната „Dance alone“, поп-пејачката Јана Бурческа ја претставуваше Македонија на изборот за песна на Евровизија.
Откако се реализираше во улогата на сопруга и стана мајка, Јана како да се повлече од музиката, но веројатно и треба уште време за максимално да и биде посветена на својата наследничка Дона.
Деновиве и таа реши да ја започне играта со поставување прашања од следбенците на Инстаграм, кои ја прашаа дали повторно би настапила на евровизиската сцена?
Таа одговори потврдно дека секоја година повторно и повторно би учествувала на Евровизија.
Додека пак на прашањето кого би сакала да види на овој голем музички натпревар кој би ја претставувал нашата земја, таа откри дека тоа би била Антониа Гиговска.