Легендарната јакна на Мајкл Џексон која ја носеше на својата соло турнеја „Bad“ е продадена на аукција во Њујорк за 298 000 долари, трипати повеќе од очекуваното.
Станува збор за легендарната јакна на Мајкл Џекосон која на грбот ја потпиша со сребрен, траен маркер и која ја носеше на турнеја 1987 до 1989 година.
По црвено-црната јакна од спотот „Трилер“ што во 2011 година беше продадена за 1,8 милиони долари, јакната од „Bad“ е едно од најлегендарните парчиња облека од покојниот музичар.
Јакната ја продал бизнисменот Милтон Верет заедно со уште 100 предмети од својата збирка на рокенрол предмети.