Чаглар Ертугрул (31) актерот кој ја играше улогата на Јагиз во „Ќерките на Фазилет“, открива дека се соочил со проблеми во секојдневното функционирање поради популарноста од улогата. Тој вели дека не може да прошета низ Истанбул бидејќи постојано го застануваат за селфи и автограм, му нудат врска, сакаат да го носат дома и да го запознаат со семејството.
-Затоа го сменив бројот. Претходно ставив некои во спам да не можат да ме бараат. Го дадов бројот на премногу луѓе. Ми досади да ме бара кој ќе посака, наместо тие што јас сакам, вели Чаглар.
Сепак, актерот поради големата слава во Турција се одрекол од начинот на кој претходно живеел.
-Преставав да се возам со јавен превоз, да се шетам низ Истанбул, не можам ни на ручек или вечера да одам каде ќе посакам, не сакам да ме фотографираат без моја согласност и да објавуваат насекаде, открива актерот.
Сепак, неговото срце е освоено од костимографката на серијата, кајла Манукјан, за која чаглар се шегува дека го освоила соблекувајќи го.
-Сакам интелигентни жени, но мора да знаеш и да управуваш со интелегенцијата. Секако, мора да биде убава, ме импресионираат очите, погледот. Жена која има самодоверба ми е најпривлечна, раскажа Чаглар.
фото:инстаграм