Радио Милева
успешна ѕвезда

Ја знаете како Еда од „Немирно лето“, а вака изгледа во приватниот живот (фото)

Ја знаете како Еда од „Немирно лето“, а вака изгледа во приватниот живот (фото)

Неодамна на Сител започна новата турска серија која „на прва“ ја освои македонската публика.

Имено, станува збор за серијата „Немирно лето“ каде што главни актери се Ханде Ерчел (Еда) и Керим Бурсин (Серкан)

Еда е млада, убава и паметна девојка со добро срце, која внесува позитивна енергија во својата околина благодарение на нејзиниот весел карактер, отвореноста и непосредноста. Од друга страна, таа е импулсивна и избрзана во своите одлуки и не се двоуми да каже што мисли. Нејзината страст се книгите, пријателите и цвеќињата, работи во цвеќарница со својата тетка, а најголем сон ѝ е да стане архитект.

По смртта на нејзините родители, таа ги насочила сите свои надежи во образованието и како најдобра студентка добила стипендија за последната академска година да ја заврши во Италија. Но, во последен момент таа е лишена од стипендијата и шансата да го оствари својот сон. Во меѓувреме, Еда ќе се обиде да го пронајде Серкан Болат, успешен бизнисмен и сопственик на познат холдинг. Тоа е човекот кој ја откажал нејзината стипендија и од тој момент, станува човекот што ќе биде најомразена личност за Еда. Серкан е убав и згоден млад човек, образован и интелигентен, но безмилосен во својата работа.

Тој многу добро знае како да ги сврти коцките во деловниот свет на своја страна како што тоа може да направи само еден шаховски велемајстор. Наместо од срцето и душата, тој е воден од разумот и логиката. Стои зад секоја одлука што ја донесува и оди до крај. Нема друга мотивација освен работа и успех. За него нема пораз и затоа тој длабоко се плаши да сака со цело срце, мислејќи дека љубовта ќе му ги попречи амбициите. Па така, посакувајќи да го запознае и уништи човекот што ѝ ја украде животната шанса, Еда ќе реши да го посрамоти јавно Серкан, протестирајќи пред универзитетот во кој ледениот принц држи говор.

Но, поради сплет на несреќни околности, тие се принудени да го поминат целиот ден заедно, врзани со лисици, … и во тој момент Еда ќе сфати дека тој е навистина сè што таа презира – арогантна, егоцентрична личност и целосен „control freak“! Медиумите „по грешка“ ги прогласуваат Еда и Серкан за пар, па тоа го искористува Серкан како би си ја повратил поранешната девојка, која го оставила за друг. Серкан ѝ нуди стипендија на Еда, под услов да се преправа дека се заедно во следните два месеци. Еда првично ја одбива понудата, но поради новите услови е принудена да се согласи. Серкан и Еда започнуваат лажна романса, која преминува во страсна и предизвикувачка врска во едно вистина немирно лето.

Еда односно Ханде својата кариера започнала да ја гради како модел, а подоцна се одлучила за глума.

Својата прва голема улога ја добива во серијата „Güneşin Kızları“,  Со улогата во оваа серија ја награда „Златна пеперутка“ во категоријата – ѕвезди во подем.

Во 2016/2017 година глумеше во серијата во романтичната серија „ Aşk Laftan Anlamaz“, ( Љубовта не разбира зборови“ и повторно добри наградса „Златна пеперутка“ за најдобра актерка во романтична серија.

Ханде во 2012 година учествуваше во Мис на цивилизација кој се одржа во Баку, Азербејџан каде што освоила второ место.

Покрај талентот, актерката поседува и диплома за ликовни уметности и сака понатаму да се занимава со уметност.

Во 2017 година стана амбасадор на модниот бренд „DeFacto“.

Ханде ужива во својата интернационална слава, па освен публиката во Турција, ја сака публиката и во регионот. Само на нејзиниот Инстаграм ја следат повеќе од 20милиони следбеници.

Погледнете уште неколку фотографии од Ханде Ерчел.

фото: тв пакет/инстаграм/ханде ерчел/handemiyy

Verified

Останати вести од Радио Милева