Сигурно многумина од вас се сеќавате на емисијата „Се за љубов“ која ја водеше водителката Катарина Шишмановиќ.
Последната година водителката уживаше во љубовна романса со еден најмоќните луѓе, Горан Стаменковиќ.
„Горан и јас секогаш правивме разлика меѓу приватниот и професионалниот живот. Ние одлучивме да ставиме крај на нашата емотивна врска. Четири години живеевме заедно, а претходно имавме уште еден обид да ја спасиме врската. Единствено што можам да кажам е дека во последните осум години беше важен дел од мојот живот. Не познавам личност која сакала, а не била повредена, изјави Катарина по раскинувањето со Горан.
Во еден моммент водителката се повлече од ТВ екраните:
„Ми истече договорот со „Emotion“ и не работам повеќе таму и нема да ја водам „Се за љубов“. Нема повеќе да работам. Одлучив да направам пауза. Запишав мастер студии на политички науки и сакам да се одморам. Се изморив по девет години патувања, изјави Катарина во една прилика.
Сепак, кон крајот на 2017 година се врати на телевизиските екрани во квизот „Кој е на врвот“.
Катарина ова лето се одмара во Дубаи, а судејќи по фотографиите на социјалните мрежи водителката знае како да ужива.
фото: принтскрин/инстаграм