Радио Милева
Секој по својот пат

Ја споредуваат со Ким Кардашијан: Поранешната девојка на Новак Ѓоковиќ е вистинска убавица (Фото)

Ја споредуваат со Ким Кардашијан: Поранешната девојка на Новак Ѓоковиќ е вистинска убавица (Фото)

Лидија Поповиќ е поранешна девојка на Новак Ѓоковиќ, успешен диџеј и убавица која наводно зема 30.000 евра за настап.

Таа беше во врска со најдобриот тенисер на светот пред повеќе од 10 години, пред Новак да почне да се забавува со сегашната сопруга Јелена, а неодамна откри какви и се сеќавањата на врската со Ѓоковиќ.

„Новак е прекрасен во секоја смисла на зборот. Она што го имавме останува во далечното минато, а јас имам само пофални зборови за него“- рекла таа еднаш и додала: „Нашите патишта се разделија, нема ништо лошо во тоа, а денес не се слушаме. Секој има своја кариера, нон-стоп сме на нозе, но јас секако сакам да се сеќавам на тој период, сакам да паметам убави работи“.

Лидија неодамна беше прогласена за најдобар диџеј во Србија, а на нејзиниот Инстаграм се појави слика со познатиот боксер Конор Мек Грегор:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by iLEE (@ladyleeofficial)

Лидија на социјалните мрежи објавува слики од настапите, но и во бикини, поради што нејзините следбеници често ја споредуваат со познатата Ким Кардашијан.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/ladyleeofficial/Стефан Стојановиќ

Останати вести од Радио Милева