Се уште не запираат впечатоците и позитивните коментари за нашата претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска.
Таа не претстави со песната „Proud“, која ја изведе многу моќно и емотивно на музичката сцена.
Тамара го освои осмото место, но сите ја нарекоа морален победник.
Нејзините колеги од Македонија и регионот и дадоа голема поддршка на Тамара, а по завршувањето некои од нив ја нарекоа победничка.
Пејачот Никола Роквиќ на својот „Инстаграм“ го пофали настапот на Тамара и напиша:
„За мене, Тамара Тодевска е победничка. Ова е песна, ова е пеење. Може само да кажеме на ниво на Адел“ напиша пејачот на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram