Радио Милева
тоне во проблеми... и долгови

Ја претепа љубовницата на која и должи над 100.000 евра, а таа сега Халид Муслимовиќ го обвини и за фалсификување документи за кредит од 685.000 евра (ФОТО)

Ја претепа љубовницата на која и должи над 100.000 евра, а таа сега Халид Муслимовиќ го обвини и за фалсификување документи за кредит од 685.000 евра (ФОТО)

До крајот на месецот треба да бидат завршени две судски постапки против Халид Муслимовиќ – за претепување на неговата поранешна љубовница Соња Башиќ и за тоа што и должел над 100.000 евра. Но се чини дека проблемите на фолк пејачот тука  не завршуваат.

Како што пишува српски Курир, против него е поднесена нова кривична пријава пред два дена во полициската станица во Бања Лука за фалсификување на документацијата за кредитот од пред три години, па доколку обвинителството ја преземе истрагата, Халид може да се соочи со измама во износ од над шестотини илјади евра, за што му се заканува дебела затворска казна.

– Во периодот од 2016 до 2017 година од Гоменица, Приједор, Халид Муслимовиќ при добивање на кредит од банка, доставил фалсификувани биланси, бизнис план и проценка на хотел во Приједор, со што незаконски подигнал средства во износ од 1.370.000 конвертабилни марки. (685.000 евра). Имам докази за горенаведеното (реални биланси од агенцијата за деловни регистри и сведоци). Ќе ви ги презентирам сите подетални податоци и докази што ги имам кога ќе давам изјава во полиција“ – пишува во кривичната пријава што Соња Башиќ ја достави до Полициската управа на Бања Лука, одделот за економски криминал.

Останати вести од Радио Милева