Ако се’ уште не го препознавте ова слатко бебенце на фотографија, сосема е разбирливо и зашто минале повеќе од три децении откако е направена оваа фотографија.
Сигурни сме дека сте слушнале за турската актерка Мерјем Узерли, која се „крие“ зад ликот на ова слатко девојченце на фотографијата.
Всушност, оваа убавица неодамна објави на својот Инстаграм профил слика од раното детство на која таа има речиси идентична гримаса, како онаа што често знаеше да ја направи во хит серијата “Сулејман Величествениот“ со која се прослави во нашиот регион.
Оваа стара фотографија има собрано речиси 50.000 лајкови, и безброј коментари колку актерката уште од детството била харизматична.
Да Ве потсетиме, Мерјем играше улогата Султан Хурем во споменатата серија, па и покрај тоа што во моментов во Македонија не гледаме ниту една серија во која е присутна оваа убавица, таа се’ уште е многу популарна.
Инаку, ова Германка од турско потекло постигнала голем професионален успех, а неодамна заедно со холивудските ѕвезди беше една од званиците на доделувањето на престижниот Златен глобус во Лос Анџелес.
Триесет и пет годишната актерка денес е среќна жена, емотивно исполнети, изгледа подобро од кога и да е, ужива со ќеркичката, а нејзината кариера постојано напредува… Но, тоа не беше секогаш така – зашто додека траеше снимањето на серијата за „Сулејман Величествениот“ приватно минуваше низ пекол, а, нејзиниот живот се распаѓаше од корен.