Македонската серија „Преспав“ ја освои публиката и успеа да го задржи вниманието на гледачите.
Секој од ликовите со своите карактеристики и особини придонесоа серијата да биде една од најгледаните и најомилините.
Талат, Ула, инспектор Томе, Марио, Јелена од Драчево, Коста, Миле сите заедно функционираат како одличен тим, а гледачите повторно сакаат да ги гледаат на ТВ екраните.
По завршувањето на третата сезона, фановите веднаш започнаа да прашуваат дали ќе има и четврта сезона на „Преспав“.
View this post on Instagram
На барање на гледачите првата сезона Преспав е поставена на нашиот YouTube канал! Линк во био
Македонската пејачка, актерка, водителка, Тијана Дапчевиќ во „Преспав“ ја имаше улогата на Германката Ула и сопруга на Коста.
Тијана во серијата уште еднаш се покажа и докажа дека има талент и за глумење.
Дапчевиќ деновиве замина во Амстердам, заедно со нејзиниот сопруг Милан Дапчевиќ.
Своето слободно време додека чекаше на аеродром го искористи да поразговара со фановите на социјалните мрежи.
Така, таа одговараше на прашања, а некој од следбениците ја праша дали ќе има четврта сезона на „Преспав“:
Тијана на ова прашање јавно ја прозва Јелена Јованова која ја имаше улогата на Јелена од Драчево, односно го упати следбеникот одговорот да го побара кај Јелена.
„Јавете и се на @jelena_dracevo во @pansionprespav и неа прашајте ја“ одговори Дапчевиќ.