Радио Милева

Ја прашаа Кристина Димитриевска, бившата на Кајмакоски дали има момче – ова е нејзиниот одговор

Ја прашаа Кристина Димитриевска, бившата на Кајмакоски дали има момче – ова е нејзиниот одговор

Кристина Димитриевска на јавноста и беше позната по нејзиниот брак со македонскиот пејач Даниел Кајмакоски.

Меѓутоа, претходната година како бомба одекна веста дека Даниел и Кристина се разведуваат, па секој си продолжи по својот пат, односно започнаа да градат кариера.

Даниел замина да живее во Србија и продолжи со својата музичка кариера, победи и во „Твоето лице звучи познато“.

Додека пак Кристина, по разводот излезе од сенка и на јавноста и стана позната по тоа што стана пејачка во обид и сними неколку песни, но и победи на „Мис Балкан 2019“.

фото: Принтскрин/инстаграм

Кристина е често активна на социјалните мрежи и објавува фотографии известувајќи ги своите следбеници за нејзините активности.

Овој пат Крстина слободно време го искористи за да се дружи со нејзините фанови на социјалните мрежи и во кратките приказни на „Инстаграм“ одговараше на прашања.

Па така, некој од фановите ја праша дали има дечко, а нејзиниот одговор е: Заљубена, но не сакаше да открива повеќе детали.

фото: Принтскрин/инстаграм

Таа исто така откри дека кај еден маж најмногу ја привлекува погледот и лудоста. Димитриевска на „Инстаграм“ доби и неколку понуди за брак на кои одговори на шеговит начин.

фото: Принтскрин/инстаграм
фото: Принтскрин/инстаграм
фото: Принтскрин/инстаграм
фото: Принтскрин/инстаграм

За потсетување, Кристина и Даниел од бракот го имат синот Давид кој во февруари ќе наполни три години.

To top