Радио Милева

Ја прашаа Камила Паркер дали ќе и недостигаат Меган Маркл и Хари – ова е нејзиниот одговор (видео)

Ја прашаа Камила Паркер дали ќе и недостигаат Меган Маркл и Хари – ова е нејзиниот одговор (видео)
фото: Профимеида/епа/анди раин

Меган Маркл и принцот Хари направија голем скандал со одлуката да се повлечат од кралското семејство, а со денови се главна тема во сите медиуми.

Меган веќе некое време  е во Канада, а принцот Хари и се придружи пред некој ден, меѓутоа останатите членови на кралското семејство не можат да ги избегнат прашањата за популарниот пар.

Така, сопругата на принцот Чарлс, Камила Паркер на еден јавен настан ја прашаа дали ќе и недостигаат Меган Маркл и принцот Хари.

фото: принтскрин/твитер

Камила одлучи внимателно да одговори, па по кратка пауза се насмеа и одговори:

„Хммммм….Секако“.

Видеото од одговорот на Камила веднаш се прошири низ социјалните мрежи, а корисниците коментираат како војвотката дала дипломатски одговор.

Останати вести од Радио Милева