Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ на 24 ноември запливаа во брачните води, а за нивната свадба се уште се пишува.
На гала свадбата присуствуваа и голем број на јавни личности меѓу кои и Аца Лукас, Џани, Милан Калиниќ и Сања Маринковиќ, јавни личности од светот на политиката, музиката, спортот. Пејачката Александра Младеновиќ беше ангажирана да ги забавува гостите.
Младеновиќ беше гостинка во емисијата „Амиѓи шоу“, а кога Огнен ја праша дали е точно дека на свадбата добила хонорар од 10 000 евра, таа одговори:
„Нема да ти одговрам на тоа прашање“ изјави Александра и истакна дека доколку ја поканат би пеела на сите свадби кај своите колеги.
Mладеновиќ исто така откри дека доволно заработила и бакшиш на свадбата и дека го поделила со музичарите.