Радио Милева

„Ја погодија во срце“: Водителката на „Никогаш не е доцна“ заплака пред камерите и публиката (фото)

„Ја погодија во срце“: Водителката на „Никогаш не е доцна“ заплака пред камерите и публиката (фото)

Во најновата емисија „Никогаш не е доцна“ многумина ги изненади моментот кога водителката Драгана Катиќ седна на столот на еден од членовите од жирито, а посака за неа да отпеат една песна за душа.

Имено, младиот пејач Мирза Селимовиќ ја изведе нумерата „Да се опет родим“ во дует со колешката Дуња Вујадиновиќ која оваа година се натреварува на „Беовизија“, а двајцата направија спектакл во студиото.

FOTO: YOUTUBE

Драгана почна да плаче и не можеше да ги контролира емоциите. Кога Мирза и Дуња завршија со песната, Драгана му се обрати на Жика Јакшиќ.

-Ти заврши, јас сум на боледување, кажа таа додека ги бришеше солзите, а водителката Марија Килибарда која оваа недела беше во жирито, снимаше цело време.

FOTO: YOUTUBE

Потсетуваме, Драгана Катиќ неодамна јавно проговори за тужбата која ја поднела против таткото на своите деца.

To top