Радио Милева

Ја победи короната, сите го знаат како рокер, но оваа е вистинската професија на Ѓорѓе Давид

Ја победи короната, сите го знаат како рокер, но оваа е вистинската професија на Ѓорѓе Давид

Ѓорѓе Давид неодамна ја победи короната и излезе од болница, а сега има доволно време во карантинот, па на „Инстаграм“ објави фотографија стара речиси трипол децении.

Имено, денес сите го знаат Ѓорѓе Давид како рокер и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, меѓутоа тој дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград, а зад себе неколку одиграни претстави, како и неколку улоги во филмови и синхорнизација на филмови за најмлади.

Пејачот на својот „Инстаграм“ објави фотографија од една од неговите улоги.

„Екранизација на бајката „Златна јаболка и девет пауни“. Примабалерината Снежана Перковиќ и јас како принц. Година 1987 година, Сараево“ напиша Ѓорѓе.

фото: Инстаграм
To top