Радио Милева

Ја отворија празничната сезона: Бубе Јаневска и Елена Стефановска го покажаа новогодишниот амбиент во домот (фото)

Ја отворија празничната сезона: Бубе Јаневска и Елена Стефановска го покажаа новогодишниот амбиент во домот (фото)

До крајот на оваа година која речиси сите ќе ја паметиме по коронавирус кој го зафати цел свет, останува уште еден месец.

За Нова Година и новогодишните празници нема да има настапи на плоштадите, а повеќето естрадни уметници оваа година нема да настапуваат.

Во продавниците одамна се продаваат новогодишни декорации, а во центарот на Скопје деновиве се украсуваше и новогодишната елка.

Македонските јавни личности веќе ја отворија сезоната и започнаа со украсување на нивните домови за престојаните празници.

Буба Јаневска во кусите приказни на „Инстаграм“ објави видео во кое ја покажа нејзината елка односно облизу ја снимаше и ги покажа белите, црвените и сивите лампиони.

фото: Принтскрин/инстаграм/бубајаневска

Водителката на „Живот со стил“, Елена Стефановска исто така се радува на престојните празници и новогодишното лудило.

Она што таа го покажа во својот дом кога станува збор за украси и декориции, се Дедо Мразовците кои ја красат нејзината дневна соба.

фото: Принтскрин/инстаграм/еленастефановска

Која е следната македонска јавна личност која ќе го покаже својот домашен амбиент во новогодишно руво, останува да видиме.

To top