Мерјем Узерли која во турската серија „Величествениот“ се прослави со улогата на султан Хурем, на почетокот на годината стана мајка на уште едно девојче и моментално е посветена на ќерките.
Сепак, актерката наоѓа време за себе и да ужива во нејзините моменти, а еден таков сподели и на социјалните мрежи.
Имено, оние кои ја следат на социјалните мрежи знаат дека актерката најчесто објавува фотографии од нејзините фризури затоа што често ја менува бојата на косата.
Овојпат, султан Хурем објави фотографија на која е потполно гола во када.
Познатата турска актерка позираше како од мајка родена во кадата од нејзината бања, со насмевка на лицето и маска за подочници.
Познато е дека Мерјем е мајка на две девојчиња, а пред да роди имаше тешки здравствени проблеми. Тогашниот нејзин партнер, 17 години постариот бизнисмем Кан Атеш сакал актерката да абортира. Таа ја раскина врската и само го воспита своето прво дете.
Отогаш, таа не сака да зборува за својот приватен живот.
Инаку, според пишувањата на странските медиуми, Мерјем во Берлин отворила продавница за здрави слатки.
фото: сексимпхото/профимедиа/ннстаграм/meryemuzerlimeryem