Радио Милева

Ја немате видено во вакво издание: Аделина Тахири e згодна моторџика на својата нова „играчка“

Ја немате видено во вакво издание: Аделина Тахири e згодна моторџика на својата нова „играчка“
фото: инстаграм/аделинатахири

Албанската пејачка Аделина Тахри важи за пејачка со глас и со стас.

Добро познато е дека Аделина сака да вложува во својот изглед, па оди на разни третмани за разубавување, но и знае да искомбинира брендирани модни парчиња кои одлично и прилегаат на нејзиниот изглед.

Иако изминатите три месеци поради изолацијата, коронавирусот и намалените физички актвиности можеби сме се здобиле со некој килограм плус, тоа  не е случај и со Тахири.

Имено, таа на својот „Инстаграм“ позираше само по градник покажувајќи го згодното и затегнато голо стомаче, а се пофали дека ослабела и два килограми.

фото: Инстаграм/аделина тахири

 

Тахири нема проблем на социјалните мрежи да се пофали со своите луксузни подароци, патувања, брендирани модни парчиња или нов член на семејството.

фото: Инстаграм/аделинатахири

Така пред некое време таа се пофали дека во нивниот дом имаат нов член односно преслаткото кученце Симба.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/moeto-novo-bebe-kje-ve-osvoi-na-prv-pogled-adelina-tahiri-ima-nov-chlen-vo-domot-foto/

Сега пак, Тахири сега на својот „Инстаграм“ се пофали дека добила и нов играчка, односно мотор.

Во краток шорц, пејачката позираше седната на моторот истакнувајќи ги своите долги, стегнати нозе.

„Јас ја сакам мојата нова играчка“ напиша покрај објавата.

фото: Инстаграм/аделинатахири

Објавата доби повеќе од 5000 лајкови, а како ви се допаѓа Аделина како моторџика?

Останати вести од Радио Милева