Македонската водителка Марјана Станојковска со години може да ја гледаме на ТВ екраните.
Таа важи за една од нашите најзгодни и ангажирани водителки и секоја среда и сабота ја гледаме како го води „Лото“ донесувајќи му среќа на некој доколку има убави и големи добивки.
Неодамна по медиумите се прошираа шпекулации дека наводно водителката е бремена, а тоа остана само како шпекулација и ништо од трудничкото стомаче.

Марјана е некој кој постојано вложува во својот изглед. Освен покрај витката линија и одличниот изглед, долгата руса коса е нејзин заштитен знак.

Станојковска со години има долга руса коса по која е препознатлива.
Меѓутоа, деновиве водителката направи нова фотосесија за која користеше перика. Меѓутоа, ако многумина помислија дека Станојковска ја скратила косата не е така. Но, едно е сигурно и ваквата фризура одлично и стои.

Нејзините следбеници на социјалните мрежи ја пофалија за овој изглед.

Вистинската должина на косата Марјана изгледа вака.

фото: Принтскрин/инстаграм/марјанастанојковска