Радио Милева се соочувала со психичко насилство

Ја нарекуваа изрод, а сега сите сакаат да бидат како неа: По, злоставувањата и силувањето ги дочека своите пет минути (фото)

Ја нарекуваа изрод, а сега сите сакаат да бидат како неа: По, злоставувањата и силувањето ги дочека своите пет минути (фото)

Лејди Гага оваа година на сите им покажа дека е актерка вредна за Оскар, кога ја одигра една од главните улоги во филмот „House of Gucci“.

Многумина коментираа како Лејди Гага го спасила филмот „House of Gucci“ со нејзината феноменална изведба на ликот на Црната вдовица, т.е. Патриције Реѓани.

Сега го очекуваме нејзиниот втор настап, бидејќи е најавено дека ќе глуми во филмот Џокер и Харли Квин.

Но, пред се да се потсетиме која е Лејди Гага?

Стефани Џоан Анџелина Германота е целосното име на Лејди Гага, која ја знаеме по нејзиниот неверојатен музички талент. Но, како тинејџерка, Гага била погрешно разбрана од нејзините врсници.

„Почнав да свирам пијано на четиригодишна возраст. Многу луѓе им велеа на моите родители дека сум чудо од дете бидејќи ги изведував исклучително најтешките композиции на Бах, Бетовен и Шопен, но не веруваа. Мислеа дека со мене нешто не е во ред и дека сум чудна затоа што никогаш не ме интересираше да поминувам време со другите деца. Бев тивка, повлечена, едно време дури ме носеа кај детски психолог да види што се случува со мене. После една година, сфатија дека е подобро да ме остават на мира и да се грижам за мојата работа бидејќи се можам да правам сама“, изјави еднаш Лејди Гага.

Но, проблемите продолжиле и кога започнала средно училиште каде се соочила со различни видови на психичко насилство. Во тоа време дури и се создаде група на Фејсбук „Стефани никогаш нема да бидеш ѕвезда“.

„Не сакам да се навраќам во минатото бидејќи мислам дека тоа е губење време. Живеев ужасни денови како тинејџер бидејќи преку ноќ се соочив со најстрашната форма на психичко малтретирање од децата во средно училиште. Секогаш бев поинаква и не се вклопував во рамките. Имав само неколку пријатели и ја сакав музиката. Сигурена сум дека многу млади луѓе поминале низ сличен пекол, но молчат за тоа бидејќи се срамат. Поради мојата различност, паднав во длабока депресија на петнаесет години“, Раскажа пејачката во интервју за Опра кога откри и дека била силувана на 19 години.

„Ме плукаа и ми рекоа дека мирисам лошо, дека сум изрод, грешка на природата… Се затварав во куќата и свирев непрекинато седум часа за да се ослободам од сета негативна енергија и омраза што ја чувствув кон другите. Грдо е кога некој мразиш, а јас го мразев целиот свет. Денес се каам за тоа“, рече еднаш таа.

А потоа, на 19-годишна возраст го запознала продуцентот Роб Фусари, кого го воодушевила, а набргу потоа потпишала договор со продуцентската куќа „Деф Џем“. Ја сними песната „Boys, boys, boys“, популарноста почна да расте со неверојатна брзина, а се останато е историја.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Лејди Гага/Профимедиа

To top