Жерар Пике (35) повторно се појави на сите насловни страници на печатот. По прељубата и раскинувањето со Шакира, познатиот фудбалер не престанува да шокира.
Имено, како гром од ведро небо, на сред сезона Пике објави дека се повлекува и дека ова е крај на неговата фудбалска кариера. Тој на социјалните мрежи објави видео во кое ја информира јавноста дека е време да си замине.
„Отсекогаш сум велел дека после Барса нема да има друг клуб. Така ќе биде“, изјави Пике кој навистина го напушта фудбалот во дресот на Барселона.
И додека многумина се тажни што нема да можат да го гледаат во Катар, други се прашуваат што ќе прави новопензионерот кога не игра фудбал.
Одговорот е прилично едноставен, што правеше кога не е на теренот.
Според податоците на шпанскиот трговски регистар, Пике има дури 14 раководни позиции во 11 различни компании. Пред пандемијата на корона вирусот, неговата нето плата изнесуваше 8.589.000 евра, но пандемијата му ја намали заработката на околу 2.300.000 евра.
фото:Profimedia/Guliver/Getty