Популарниот млад актер Јосип Бравоац почина на 31 година откако ја изгуби битка со тешката болест.
Браовац стана популарен по неговата улога Дамир во телевизиската серија „Ружа ветрова“ која што е доста популарна во целиот регион.
Се појави и во спотот за песната „Јутро након“ од Магазин.
Пејачката Андреа Шушњар се прости од него со емотивна порака.
„Беше талентиран и драго момче, глумеше во два наши спота, па заедно настапуваме на СМС фестивал во 2014 година. Соработката и дружењето со Јосип секогаш ќе ги паметам“ изјави.
На една од последните објави на социјалните мрежи лежи во болнички кревет, а во описот напиша дека е среќен што покрај себе има пријатели кои му помагаат во тешката болест.
Јосип Браовац во Сплит заврши Економско-биотехничко училиште а подоцна дипломираше на Економскиот факултет, беше голем навивач на Хајдунг и страствен риболовец.