Пејачката Сека Алексиќ во неколку наврати покажа фотографии со својот брат Неџад, кој за разлика од неа не сака да се истакнува во јавноста.
Сека Алексиќ претходно зборуваше за тоа колку и значи, а синовите Јаков и Јован се врзани за него и колку се радуваат кога ќе го видат вујко им.
– Мојот! Мојот единствен брат – напиша еднаш Сека Алексиќ во описот на фотографијата на која го гледаме Неџад како ужива со Јаков во семејната куќа на познатата пејачка.
Алексиќнеодамна покажа уште една слика од нејзиниот брат, на која тој е прегрнат од синовите на сестра си, што ги воодушеви нејзините следбеници.
Пејачката своевремено зборуваше за трауматичните детали од детството низ кои поминала со својот брат поради татко и Милорад.
– Моето воспитување беше во сиромаштија. Многу лошо. Се сеќавам на две ситуации, кога тато ја нападна мама. Брат ми се нафрли врз него, го фати за глава и го најде првото нешто при рака да го удри. Беше дете, брат ми. Го удрил по глава, за да се оттргне од мајка му затоа што ја тепал – рекла Сека.
– Ова се ужасно стресни ситуации и слики кои никогаш не се забораваат. Никогаш не се брише од глава – додаде таа тогаш, за да заплаче малку подоцна во емисијата „Преживеани“.
фото:Инстаграм принтскрин