Радио Милева Семејството на Немања сѐ уште против Ражнатовиќ?!

Изостана честитката од Анастасија: Мајката на Ѓудељ за нејзиниот посебен ден доби честитка само од поранешната на нејзиниот син (фото) 

Изостана честитката од Анастасија: Мајката на Ѓудељ за нејзиниот посебен ден доби честитка само од поранешната на нејзиниот син (фото) 

Мајката на Немања Гудељ, Оливера, минатата сабота го прослави роденденот, но честитката на Анастасија Ражнатовиќ изостана, додека на изненадување на сите порака испрати поранешната на фудбалерот. Иако сите мислеа дека Анастасија и нејзината идна свекрва Оливера се смириле, се чини дека тоа навистина не се случило, но затоа Сања Вучиќ и мајката на Немања се во најдобри можни односи, а доказ за тоа е пораката што ја испрати пејачката.. 

Според медиумите, Оливера и Вања Гудељ сѐуште се против врската на Немања со Анастасија и од срце го поддржуваат да се смири со поранешната девојка Сања Вучиќ, која ја обожаваат. Дека нивната врска сѐ уште е одлична, и покрај раскинувањето, можеше да се заклучи уште минатиот викенд, а повод беше роденденот на Оливера.

Имено, Сања јавно и честиташе на мајката на своето поранешно момче и остави коментар под фотографијата на Вања на која и изрази љубов на мајка си по повод нејзиниот роденден. За разлика од Сања, изостана честитката на Анастасија, па на Инстаграм не можевме да видиме дека пејачката во саботата и испратила убави зборови на мајката на своето момче, што сите го очекуваа, со оглед на тоа што таа зборува за тоа како има фантастичен однос со неа.

Иако таткото на Немања, Небојша неодамна се обиде да ги смири сопругата и ќерката со Анастасија, таа мисија се покажа како неуспешна, а уште еден доказ за тоа е фудбалскиот натпревар во Севиља, на кој токму на роденденот на Оливера присуствуваа Вања и Анастасија.

Фото: Принтскрин/Срџан Стефановиќ/А. Јовановиќ/Инстаграм

To top