Радио Милева
уште една естрадно-животна приказна на филм

Излезе трејлерот за автобиографскиот игран филм за фолк ѕвездата Џеј Рамадановски: По „Тома“ дали „Недеља“ е уште еден филмски хит? (ВИДЕО)

Излезе трејлерот за автобиографскиот игран филм за фолк ѕвездата Џеј Рамадановски: По „Тома“ дали „Недеља“ е уште еден филмски хит? (ВИДЕО)

Првиот трејлер за долго очекуваниот автобиографскаи игран филм „Недеља“ кој го следи животот на еден од напопопуларните и најпознати српски фолк пејачи Џеј Рамадановски, излезе и конечно може да се погледне.

Инспириран од вистински настани, филмот е создаден по идеја на продуцентот Владан Анѓелковиќ и сценаристот Стефан Бошковиќ, а во режија на Немања Ќераниќ и Милош Радуновиќ.

Во него се раскажува приказната за Џеј од неговата најрана младост, па сè до големиот успех што пејачот го постигна.

Да потсетиме, Џеј почина во својот дом на 6 декември од срцев удар. Најпрвин му се слошило, а лекарите од брзата помош се обиделе со реанимација, но немало начин да го спасат.

Зад себе остави бројни хитови, а најпознат меѓу нив е „Недеља“, денот кога и почина. Филмот за Џеј наскоро ќе почне да игра во киносалите ширум регионот.

Фото: Јутјуб принтскрин

Останати вести од Радио Милева