Специјалната ја пуштија од притвор. Или поточно ја „дислоцираа“ од Шутка во домашен! А дома си е дома, па макар и во вакви околности, секако многу подобри од затворските.
Сите видоа кога ја спроведуваа, ама никој не виде дали е тоа ТАА?! Со качулка на глава, во долга јакна за дожд и марама или шал ќе да беше преку рацете, покриена од рацете до петиците, за да не се видат ниту лицето ниту лисиците.
Потоа муабети и нагаѓања колку да сакаш. Шпекулации и најразлични сценарија, од оние – реалните, до научна фантастика. небаре сме среде реално шоу, а не среде аферата на столетието? Ама шоуто тука не заврши, напротив… Шоуто мора да продолжи. Е сега, колку е реално? Колку што беше реално и тоа специјалната да биде пуштена дома, а притоа сите да видат, ама никој да не ја препознае. Ама тоа беше тогаш, сега?
Папарацо ловот тргна и оп… Првите резултати се тука: Излезе Катица право на тераса и… специјалната фатена на пушење! Во црни панталони и маичка, по паучи со пепелник на симсот од балконот… Нема сомнени таа е… Или не е? Да не е монтажа? Или можеби фотографијата е од пред „Рекет“?
Одново ќе има нагаѓана и шпекулации ама… Одговорот ќе се дознае тогаш, кога качулката ќе падне!