По новогодишните и Божикните празници, излезе четвриот албум на групата „Баклава“, едноставно насловен IV.
Од 8-ми јануари, албумот го има на најважните дигитални платформи во светот: Spotify, Apple Music, iTunes, TikTok, Google Play/YouTube, Amazon, Pandora, Deezer, Tidal, Napster, iHeartRadio, ClaroMusica, Saavn, Anghami, KKBox, MediaNet, and Instagram/Facebook!
Од бендот се уште не откриваат дали и кога би можел да излезе албумот и како физичко издание.
Албумот содржи вкупно 13 песни, меѓу кои и: „Невен“, „Рубин“, „ Chocolate “ (feat. „Суперхикс“), „Рузмарин“ (feat. Дарко Рундек), за која е снимен и видео-спот.
Песните од новиот албум претежно се испеани на македонски јазик, но има и понекоја строфа и на турски, хрватски, влашки, латински…
Музиката на скоро сите песни ја напиша Елена Христова, a стиховите Сибо.
Отсвирено е на многу инструменти, а свиреа големите мајстори:
Елена Баклава – вокали, Сибо – деф, перкусии и ел. тамбури Дејан Теодосиевски – виолон-чело и пијано, Драган Стојковски – бас гитара, тамбурут и ел. тамбури, Гого Клинчаров – тамбура,, Игор Стевковски – тапани, Џенгиз Ибраим – канон, Петар Христов – ак. гитара, кларинет и саксофон, Трајче Ристов – тарабука, Јордан Костов – армоника, Ваљон Адеми – виолина, Тино Скендеровски – армоника и програмирање, Гордан Спасовски – пијано, Гоце Стевковски – тапани, Гоце Наумов – тапани и перкусии, Амон Мра – усна армоника, Лазе Стерјовски – хармоника…