Американската кантри пејачка Кејли Шор (25) објави на социјалните мрежи дека е заразена од корона, иако претходните три недели излегувала само до продавница.
„И покрај тоа што три недели бев во карантин (одев само до продавница) успеав да се заразам со коронавирусот. Се чувствувам подобро, но ова е доказ колку вирусот е опасен и пренослив. Се нервирам кога ги гледам луѓето како ова не го сфаќаат сериозно“ напиша таа на социјалните мрежи.
Кејли откри кои биле и првите симпотоми.
„Пред неколку дена беше ужасно. Никогаш порано не се чувствував така. Ме болеше целото тело, а грозницата беше како да сурфам по некој бран. Потполно го изгубив чувството за вкус и мирис“ објасни таа.
За потсетување, многу други јавни личности се позитивни на Ковид19, а меѓу нив Ѓорѓе Давид, Пласидо Доминго, фронтменот на групата „Рамштајн“, Тил Ленеман….