Турскиот милионер бил разочаран од изјавите на Јаховиќ за српските медиуми дека не планира повеќе да се омажи додека тој истовремено почнал да гради вила за нив.
Приказната за љубовната романса меѓу српската пејачка Емина Јаховиќ и турскиот бизнисмен Садетин Саран е главната тема на сите медиуми со месеци. Сепак, оваа врска очигледно немаше долг век, бидејќи како што пишуваат медиумите, бизнисменот и пејачката имале различни ставови за иднината.
View this post on Instagram
– Несогласувањата започнаа откако Емина даде интервју за српските медиуми, каде што таа рече дека нема намера да се омажи повеќе. Садетин ова го сфати како порака на една жена која е недоволно сакана и ѝ ја објасни. Од друга страна, тој е човек кој е приврзан кон неговото семејство и почнал да гради куќа на брегот во која требало да живеат заедно. Тој сакал да бидат семејство, но по овие изјави, сфатил дека не ја гледаат нивната врска со истите очи. По дискусијата пред нејзиното заминување во Милано, таа одлучила да прекине секаков контакт со него – вели изворот за целата приказна.
Потсетуваме, Емина јавно изјави:
– Не размислувам да се венчам. Повеќе нема да се омажам. Зошто жената која е реализирана како мајка и поминала низ развод повторно да му каже на некој “да”? За што? – рече пејачката за “Стори”, што на Садетин очигледно не му се допадна.