Од раскинувањето на Ирина Шајк и Бредли Купер тие постојано се во центарот на вниманието и се следи секој нивен чекор.
По раскинувањето на четиригодишната врска, Ирина се исели од домот каде што живееше со Бредли и се посвети на своето семејство и работа.
Со својата мајка Олга и со ќерката Леа пред некој ден уживаше на јахта на Ибица.
За оваа прилика Ирина се соблече во зелно бикини во која ја покажа одличната фигура.
Имено, наводно Ирина и Купер останале во пријателски односи и одлучиле двајцата да се грижат за ќерката. Неодамна Купер бил виден како ја носи Леа во станот на Ирина во Њујорк.
Извор за медиумите тврди дека руската манекенка не е подготвена повторно да започне нова врска.