Бурниот и порочен живот на актерката Линдзи Лохан(33) дефинитивно зема данок, па нејзината убавина почна да бледи.
Но, бидејќи денес се’ е можно да се „поправи“, Линдзи одлучи по секоја цена да ја врати својата свежина, па почна да применува корекции на лицето.
Дека во тоа претера, говори и нејзиното последно појавување во јавност, каде светот едвај ја препозна.
Рака под рака со својата сестра Али, Линдзи се појави на „Derbu Day“ во Мелбурн, а присутните не можеа, а да не го забележат нејзиното ново лице.
Актерката толку ја затегнала кожата, што едвај може да се смее.
Впрочем, фотографиите кажуваат повеќе од зборови…