Откако македонскиот шоумен, актерот и музичар Игор Џамбазов ја обелодени својот љубовен живот со алпинистката и сликарка Илина Арсова, нивната врска стана доста атрактивна за јавноста.
Нивните заеднички фотографии и објави на социјалните мрежи често се потик за пишување за нив.
Тие не ја кријат својата љубов, а често на „Инсаграм“ знаат да покажат како го поминуваат времето заедно, а неодамна Арсова откри дека прележала коронавирус.
Како што истакна, последиците ги почувствувала подоцна кога сакала да пешачи.
-Мојот нормален пулс кој обично е под 50, а сега и повеќе од месец дена после вирусот, ми се качува на 120 до 150 од една обична прошетка. Да бидам искрена толку ми бил пулсот можеби во најтешките делови при искачувањето на Еверест.
За среќа, сега се тоа е минато, а саканата на Џамбазов се препушти на уживање и полнење на витамин Д.
Имено, Илина на својот „Инстаграм“ објави фотографија на која позира во шарено бикини покрај плажа.
Меѓутоа, во фокусот е нејзиното згодно тело, на кое јасно се гледаат нејзините затегнати облини и мускули.
View this post on Instagram
На објавата јасно се гледа секој нејзин мускул, а на нејзините години изгледа многу позгодно од многу млади девојки.
Под објавата таа доби еден куп комлименти за нејзината фигура, а има и зошто.