Специјализираниот британски фудбалски портал „101 Great goals“ го објави најдобриот тим после првото одиграно коло од групната фаза на Светското првенство во Русија.
Во најдобрите 11 се најдоа еден играч од Исланд, Хрватска, Шведска, Русија, Португалија и Мексико, додека по двајца претставници имаат Србија и Англија.
За најдобар голман во првото коло е избран Исланѓанецот Ханес Халдорсон, во дефанзивата се Киеран Трипие, Хозе Марио Гименез, Андреас Гранквист и Александар Коларов, средниот ред го сочинуваат Александр Головин, Лука Модриќ, Сергеј Милинковиќ- Савиќ и Ирвинг Лозано, додека пак во формацијата 4-4-2, во нападот се Кристијано Роналдо и Хери Кејн.
Инаку, голманот на Исланд, Халдорсон, покрај фудбалот има и друга професија, тој е и режисер.
извор:курир