Општина Новаци е покровител на изборот за Летен фолк-хит, а завршниот настан од манифестацијата Културно-забавно лето, сите заинтересирани можат да го проследат вечерва, вторник, 17-ти август 2021, на кој во општинскиот двор од 20.30 часот ќе настапат околу 20 познати музички имиња од домашната фолк сцена.
“Да бидеме одговорни и совесни и да се заштитиме. Новите мерки за заштита ќе важат при одржувањето на фестивалот, а на редарската контрола ќе треба да и приложите задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, или потврда за прележан Ковид-19, првите 45 дена по прележувањето”, објави организаторот на својата страница.