Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, кој со кралот на народната музика Шабан Шаулиќ беше добар пријател, доста тешко ја поднел смртта на пејачот.
Дачиќ, бил известен за несреќата од синот на Шабан кој го замолил да помогне околу префрлувањето на телото во Србија.
Тој вели дека Шабан излегол од автомобилот на нозе и дека останатите детали за смртта мора да се истражат.
-Шабан излегол од автомобилот, но било толку лошо што практично морале да направат некоја интервенција и да го однесат во болница. Било лошо, но бил свесен. Тој излегол без траги од повреди. Се жалел дека има проблеми со грлото, градите, дека нешто го гуши. Повикале хеликоптер и му дале средства за успивање и тој веќе не се разбудил. Во болницата се обиделе со реанимација, го отвориле и утврдиле дека дошло до компликација со аортата. Обвинителот сега бара обдукција да се види поради што починал, вели Ивица Дачиќ за Ќирилица.