Мегафон

ИВАП одново реагира: Владата вети два милиони евра помош, помошта никаде ја нема… дали мислите дека сме алхемичари?

ИВАП одново реагира: Владата вети два милиони евра помош, помошта никаде ја нема… дали мислите дека сме алхемичари?
Ивент индустријата која е една од најпогодените од коронапандемијата излезе дека е и една од најзапоставените во поглед на државната помиош. Иако Владата вети помош од 2 милиони евра, таа се’ уште не стигнала до продукциите и фирмите кои за организација на настани. Оттаму нивниот револт тие денес одново го искажаа со реакција на социјалните мрежи:
Денес е 1 јуни, влегуваме во шестиот месец од УШТЕ ЕДНА пандемиска година и речиси 15 месеци како ивент индустријата е оневозможена да работи.
Пред извесно време Владата ја бомбардираше јавноста дека за ивент индустријата се одвоени речиси 2 милиони евра помош, но ајде да ги видиме фактите:
12 април – Владата објави 2 милиони евра помош за ивент индустријата – исплатени 0 денари
21 април – Јавен повик за организирање на настани – резултати нема, ПОМОШ 0 денари
12 мај – Јавен повик за еднократна помош за операторите од ивет индустријата – резлултати нема, ПОМОШ 0 денари
Се уште немаме информација за бескаматните кредити кои исто така беа понудени како можна помош
Прашање до Владата – дали мислите дека сме алхемичари? Дали се запрашавте како преживуваат нашите компании?
Навистина дел од нас користеа помош за исплата на плати (8 плати за 15 месеци), но како да ги подмириме кредитите, режиските и останатите трошоци? Како да го изведеме ова по 15 месеци неработење?
Нема настани, нема концерти, нема работа и НЕМА ПОМОШ!
Јавно ја прашуваме Владата, кога мисли да согледа дека нашиот сектор е навистина еден од најпогодените и соодветно да ни помогне?

15

Shares
To top