Пејачката Ивана Станиќ по големата трагедија која ја снајде пред две години, успеа повторно да ја разбуди љубовта во себе и да најде утеха во новиот партнер. Да потсетиме, Србија и регионот пред две години беа шокирана од веста дека се самоуби поранешниот српски фудбалски репрезентативец и фудбалер на Андерлехт, Партизан, Војводина и многу други клубови, Миљан Мрдаковиќ, кој беше тогаш нејзино момче.
Ивана преку социјалните мрежи сега се пофали со фотографии во венчаница, а коментарите на нејзините следбеници во кои и упатуваат најискрени честитки не престануваат да се пристигаат. Таа блесна во венчаница со необичен крој, кој ја истакнува нејзината совршена фигура.
Пејачката под фотографијата во венчаница само кусо напиша и дека станала „Госпоѓа Ѓилас“.
Фото: Инстаграм принтскрин/ivanastanicmusic